Славчо најавува облачно време со сончеви периоди

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а ќе дува и слаб ветер претежно од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Потоа за време на викендот, како и на почетокот од следната недела времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а ќе има услови и за појава на локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 + fourteen =