Славчо најавува облачно време со повремени врнежи од дожд и снег на планините

image

You must need to login..!

Опис

Под влијание на циклонска активност и на влажен и постуден воздушен бран од север, денес времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег на планините. Локално врнежите ќе бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ, додека во текот на денот ќе започне да дува умерен, долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите за 7 до 10 степени. Кон крајот на денов и во вечерните часови услови за провејување на снег ќе има и на некои пониски места. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремен дожд. Во текот на денот ќе започне да дува северен ветер и истиот повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремени слаби локални врнежи од дожд, на планините ќе провејува слаб снег. тре сеуште ќе дува умерен, долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени. Максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 + 5 =