Славчо најавува облачно време со засилен ветер од северен правец

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен, а попладне и навечер и тоа особено долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во западните предели ќе има услови за локален краткотраен дожд, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен, а попладне и навечер повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа утре и во сабота времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, додека посончево време ќе имаме во недела. Ќе дува и слаб до умерен, а утре и во сабота и тоа особено Долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Наутро и понатаму ќе биде релативно студено, и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени. Ново зголемување на облачноста, кое ќе донесе повремен локален дожд се очекува во почетокот од следната недела.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 − eight =