Славчо најавува облачно време – попладне дожд, грмежи и засилен ветер

image

You must need to login..!

Опис

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 32 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се искачи до околу 29 степени.

Потоа локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град се очекува и утре особено попладне, додека од петок условите за нестабилност ќе бидат помали. Температурите ќе бележат тенденција на пад и тоа под влијание на посвежа воздушна маса од север и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, додека особено во петок ќе дува и умерен, повремено засилен ветер претежно од северозападен правец, најизразен долж повардарието.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

six − four =