Славчо најавува нов влажен бран проследен со локален дожд и снег на планините

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен, а повремено и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд и снег на повисоките планини. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен, а повремено и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Попладне и навечер ќе има услови за повремен локален дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Потоа утре ќе има краткотрајно стабилизирање на времето, додека од недела попладне и навечер и тоа под влијание на нов влажен бран се очекуваат нови врнежи од дожд и снег на повисоките планини. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Ново заладување на времето се очекува во првите денови од следната недела, кога услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

five × five =