Славчо најавува нестабилно време проследено со дожд, грмежи и силен ветер

image

You must need to login..!

Опис

Во текот на денешниот ден времето во државава ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста за локална појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно додека од пладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд , грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста за појава на град. Максималната температура ќе се искачи до околу 27 степени.

Потоа утре сеуште ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста за појава на град. Потоа во следните денови условите за нестабилност ќе бидат нешто помали.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 + fifteen =