Славчо најавува натпросечно високи температури за овој период од годината

image

You must need to login..!

Опис

И понатаму продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со натпросечно високи температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој особено долж повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопје и околината денес, како и во следните денови ќе се задржи претежно сончево и стабилно време. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој на моменти ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 18 степени.

Напомена: Во текот на следните денови од Сахара кон нашата територија ќе се изврши транспорт на прашина и песок, со што и атмосферата ќе биде заматена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 + 6 =