Славчо најавува многу топло време – УВ индексот со екстремно висока вредност

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервалот од 32 до 40 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се искачи до околу 38 степени.

Потоа во следните денови и понатаму ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО време со мала локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Температурите ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 42 степени.

УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 10 и 11.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 − 9 =