Славчо најавува многу топло време – температурите до 34 степени

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана и краткотрајна појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината не се искалучува можноста за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени.

Потоа во следните денови и понатаму времето ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана и краткотрајна појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури до околу 40 степени. УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

10 + fifteen =