Славчо најавува многу топло време, но и опасност од засилен ветер, пороен дожд, грмежи и град!

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во државава ќе биде сончево и понатаму многу топло со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ со град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 36 степени.

Потоа и во следните денови, особено во попладневните и во вечерните часови, ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследенсо со пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Поголеми услови за ваква појава ќе има за време на викендот кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Максималните дневни температури за време на викендот ќе бележат тенденција на не многу голем пад, што значи и понатаму ќе остане релативно топлото време.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 + 4 =