Славчо најавува многу студено време – температурите и под -15 степени

image

You must need to login..!

Опис

Времето денес во Македонија во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена локална облачност, додека во попладневните и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има нови врнежи кој ќе бидат од снег и во поголем дел од државава ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец. Максималната температура на воздухот ќе се искачува во интервалот од -1 до 7 степени.

Во Скопје и околината претпладне ќе има сончеви периоди, додека попладне и навечер се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 3 степени.

Потоа од утре, па за време на викендот како и на почетокот од следната недела ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и многу студено. Температурите на воздухот во најголем дел од државава ќе бидат постојано под нулата додека наутро истите понекаде има услови да се спуштат дури и под -15 степени. Во сабота повторно ќе има услови за локално провејување на снег а повремено ќе дува и умерен до засилен северен ветер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen − 8 =