Славчо најавува исклучително високи температури – топлотниот бран продолжува

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи во интервалот од 34 до 42 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 37 степени. Потоа во следните денови времето ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот повремено ќе засилува.

Температурите ќе се икачуваат во интервалот од 32 до 40 степени, додека мал пад на истите ќе има во недела и во понеделник кога ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 + eighteen =