Славчо најавува интензивни врнежи од дожд и снег на планините

image

You must need to login..!

Опис

Под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран времето денес во државава ќе биде облачно со врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог. На планините и на повисоките места во западните предели ќе има врнежи од снег каде снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен, а во југоисточните и источните предели повремено засилен ветер од променлив правец. Температурата на воздухот ќе се искачува во интервалот од 4 до 12 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималната дневна температура ќе се искачи до околу 8 степени.

Потоа во следниот период нашата територија ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови кој ќе условуваат повремени врнежи од дожд кој повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На планините и на некои повисоки места, особено во западните предели ќе има врнежи од снег а снежната покривка, особено на планините и понатаму ќе се зголемува. Повремено ќе дува и умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 + eighteen =