Славчо најавува значително потопло време – во попладневните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Околу пладне и попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне локално ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа и во следните денови во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen + twelve =