Славчо најавува драстични температурни разлики – преку ден до 26 °C, наутро 0 степени

image

You must need to login..!

Опис

Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи сончево и релативно топло преку ден со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Наутро ќе биде релативно СТУДЕНО со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат до околу 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.

Во Скопје и околината денес и утре ќе се задржи сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 24 степени.

Потоа од среда и тоа особено навечер и во текот на ноќта кон четврток следува ПОЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА на временската состојба кај нас. Облачноста ќе се зголемува и од запад ќе се прошират врнежи од дожд кој на повеќе места ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Сепак НАЈИНТЕНЗИВНИ врнежи ќе има во западните и во југозападните предели, каде особено во четврток и во петок локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог. Ќе дува и слаб до умерен, а особено долж повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бележат тенденицја на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и од четврок ќе бидат под просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот само од 9 до 17 степени.

И во Скопскиот регион од среда навечер и во текот на ноќта кон четврток следува промена на времето проследена со врнежи од дожд и со опаѓање на температурите на воздухот. Максималните дневни температури особено од четврток ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 16 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen + two =