Славчо најавува дожд и снег на планините

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи се очекуваат особено во западните предели каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2 воден талог. На планините ќе има врнежи од снег, каде ќе се формира и снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Потоа за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец, а особено во западните предели ќе има и врнежи од дожд и истите во недела доцна попладне и навечер ќе се прошират на повеќе места. Температурите и тоа поради јужното воздушено струење ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.

Поголемо заладување на времето се очекува во почетокот од следната недела, кога освен на повисоките места и на планините, услови за провејување на снег ќе има и на некои места со помала надморска височина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 + nineteen =