Славчо најавува дожд и снег, а од среда температури и до 20 степени!

image

You must need to login..!

Опис

Денес и утре во нашата држава ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд, додека на повисоките планини во западните предели ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој повремено ќе засилува, особено денес. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса од југ, од среда следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека температурите на воздухот ќе бидат невообичаено високи за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени. Во најтоплите предели од државава не се исклучува можноста температурите да се искачат до околу 20 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 3 =