Славчо најавува дожд, грмежи, на повисоките места снег

image

You must need to login..!

Опис

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и проследени со појава на грмежи. Локално ќе наврнат и над 15 л/м2 воден талог, додека на повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен, додека долж повардарието од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе започне да дува умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Температурата ќе се искачи до околу 12 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има услови и за повремен локален дожд но со послаб интензитет, додека нови поинтензивни врнежи се очекуваат од петок. Температурите понатаму ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × five =