Славчо најавува дестабилизирање на атмoсферата во следните денови

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Особено од попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој особено во западните предели ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа во следните денови, особено во петок и во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови и за појава на локално невреме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 2 =