Славчо најавува: Денеска микс од сонце и дожд, од утре снег во поголемиот дел од земјава

image

You must need to login..!

Опис

Во текот на денешниот ден во нашата држава ќе има краткотраен престанок на врнежите а времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од западен правец, додека доцна попладне и навечер од запад ќе започнат нови врнежи од дожд и снег на планините, каде снежната покривка дополнително ќе се зголемува. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 8 до 17 степени во најтоплите предели од државава.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, додека во текот на ноќта ќе започнат врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 11 степени.

Потоа под влијание на студена воздушна маса од север, во текот на утрешниот ден врнежите од дожд ќе преминат во снег во поголемиот дел од државава а снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места. Ќе започне да дува засилен северозападен ветер а температурите значително ќе опаднат и ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени. Локално провејување на снег ќе има и во среда, додека во четврток времето ќе биде претежно стабилно и суво. Наутро температурите ќе бидат многу ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 8 степени во крајните југоисточни предели.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen − four =