Славчо најавува врнежи од дожд – следува период на пораст на температурите

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено во текот на претпладнево. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот на некои места повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето денес ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во текот на претпладнево, додека попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 15 степени.

Потоа во следните денови ќе имаме променливо облачно и релативно суво време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите и тоа поради јужното воздушно струење ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ, и истите ќе бидат НАТПРОСЕЧНИ за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen + seventeen =