Славчо најавува врнежи од дожд и снег на планините

image

You must need to login..!

Опис

Под влијание на влажен воздушен бран денес и утре времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и таму ќе се формира нова снежна покривка. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. Поради заладувањето, во вечерните и ноќните часови, како и утре врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на повисоките места, а услови за врнежи од снег ќе има и на некои од пониските места. Утре, освен на повисоките места и на планините, снежна покривка ќе се формира и на некои од пониските места, особено во источните предели.

Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека утре ветерот ќе го промени својот правец во северен и во северозападен и ќе биде најизразен Долж Повардарието. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 4 степени, додека утре истите ќе бележат тенденција на значителен пад и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 10 степени во најтоплите предели.

Во Скопје и околината денес и утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, додека поради заладувањето во текот на ноќта и утре на околните планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, а услови за сосема слабо проврнување на дожд и снег ќе има и понекаде низ котлината во текот на утрешниот ден. Максималната температура денес во Скопје ќе се искачи до околу 9 степени, додека утре истата ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа во среда се очекува краткотрајно стабилизирање на времето и повеќе сонце. Наутро ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени. Нов влажен бран кој ќе донесе нови врнежи од дожд и снег на планините се очекува во четврток попладне и навечер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 − four =