Славчо најавува влажен и студен воздушен бран

image

You must need to login..!

Опис

Под влијание на влажен и студен воздушен бран денес времето во Македонија ќе биде облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог, додека на повисоките места ќе дојде до формирање на нова снежна покривка, а на планините истата ќе се зголемува. Во текот на денот услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места, особено во западните и во северните предели. Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и СТУДЕНО со врнежи кои ќе бидат од дожд, додека на околните планини ќе има врнежи од снег. Во текот на денот услови за врнежи од дожд и од снег ќе има и во делови од котлината. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 3 степени.

Потоа утре ќе се задржи претежно облачно и СТУДЕНО време со повремени локални врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Само на некои пониски места ќе има услови за врнежи од дожд и снег. Ќе дува и ЗАСИЛЕН ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели. Стабилизирање на времето ќе има од среда па натаму кога и температурите ќе бидат доста ниски и минималните понекаде ќе се спуштат до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 7 степени во крајните југоисточни предели.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

five × one =