Славчо за денеска најавува сонце, викендов снег и многу студено време

image

You must need to login..!

Опис

Времето денес во државава ќе биде сончево и значително постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од -1 до 7 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува. Температурата на воздухот ќе се искачи до околу 3 степени.

Потоа под влијание на циклонска активност за време на викендот времето ќе биде облачно и многу студено со врнежи од снег.

Поинтензивни врнежи ќе има во западните и јужните предели од државава. Насекаде ќе се формира снежна покривка, позначителна во западните и во јужните предели (локално над 30 сантиметри). На планините истата значително ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Минималните температури понекаде ќе се спуштаат и под -12 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -8 до 2 степени. Многу студеното време ќе се задржи и во текот на следната недела кога наутро температурите понекаде ќе се спуштат и под -15 степени, максималните пак на повеќе места ќе останат под нулата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five − 2 =