Од : Ивана М. Лазаревиќ
You must need to login..!
Опис
Извештајот „Однесувања поврзани со здравјето кај адолесцентите на училишна возраст во Северна Македонија”, изработен од Коалицијата Маргини, чија автор е Лина Ќостарова Унковска покажува загрижувачки резултати за родовите разлики и нееднаквости кај младите меѓу 11 и 15 годишна возраст. Извештајот е дел од истражување со речиси 4600 млади од над 140 училишта од македонска, албанска, турска и ромска етничка припадност.

„Она што најмногу загрижува е дека патријахалната култура во Македонија и родовоите нееднаквости болат и во континуитет ги повредуваат младите. Она што младите го гледаат во своето семејство како родови обрасци и модели, она што го сведочат во медиумите, помеѓу нивните врсници и го усвојуваат како модел на однесување преку кој се справуваат со своите секојдневни проблеми и предизвици во една исклучително ранлива формативна возраст е всушност е моделот кој и самите го применуваат во сопственото однесување, со врсниците, како себе си се перцепираат и воопшто какво е нивното ментално здравје и како се справуваат со менталните проблеми. И тука имаме загрижувачки резултати. А тоа е дека во Македонија, каде 15 отсто од жените во македонските семејства и дури 75 отсто во албанските се помалку вработени отколку мажите, младите ги рефлектираат тие состојби“, вели Славчо Димитров од Коалција Маргини.

Според ова истражување, голем процент и од девојчињата и момчињата сметаат дека мажот, односно таткото е оној што треба да работи и да обезбеди заработка и леб за семејството и цела серија други стереотипи кои достигнуваат загрижувачки 64 отсто кај девојчињата од албанските паралелки, кои сметаат дека таткото треба да има поголем авторитет, или 55 проценти кај момчињата во македонските паралелки и 50 отсто кај девојчињата.

„Со овие ставови децата се формираат уште на најрана возраст и речиси во изедначен процент и во албанските и во македонските средини. Девојчињата на 13-годишна и особено на 15-годишна возраст поминуваат низ сериозни психосоматски проблеми и тегоби, чувства на нерасположение, безнадежност, па дури значителен процент поминуваат низ мисли со суицидни идеи. И оваа ситуација е загрижувача и заради тоа што овие млади не наоѓаат поддршка од училиштата, врсниците и како што расте возраста се намалува и поддршката од семејството. Како резултат на тоа кај момчињата се јавува насилство, а кај девојчињата повлекување и преземење на улога на жртва“, додава Димитров. Според него клучна улога за подобрување на овие состојби има образовниот процес.
Tags
Слични видеа
Кежаровски: Реформите во судството не смеат да бидат само „мачкање очи“ – потребно е прочистување во Судскиот совет и Врховниот суд
-Секаде каде што сум настапувал каде се дикутира за судство, каде се присутни правници, кога ќе прочитам образложението за моето притворање не
Попис 2021: Од статистичка операција до поле каде национал-шовинизмот гледа своја шанса, разговор со Мухамед Халили
Законот за попис е усвоен. Евиденцијата на населението и имотот ќе биде изведен во април. Без оглед што Законот доволува пописот да се оддржи в
Николиќ: Со финансиската поддршка од Креативна Европа, МНТ ќе го работи меѓународниот проект „Патиштата на хероите“
Македонски народен театар доби финансиска поддршка од програмата Креативна Европа, на Европската унија за долгорочниот проект „Патиштата н
Ангелка Пеева Лауренчиќ: Водењето на државата е менаџмент – доколку се држите на вистинските менаџерски алатки, дисциплинирано работите, точно ќе знаете што и кога да направите
Самиот циклус на доаѓањето на власт на Трамп, владеењето и неговото заминувањето е голем куриозитет на светската сцена, интересен феномен кој
Иницијативата Ways2help за десет месеци овозможи плаќање на 300 сметки на сиромашни граѓани
Веќе десет месеци функционира иницијативата Ways2help во рамки на која им се помага во плаќањето сметки на сиромашни граѓани. Волонтерите уште пр
Илијевски: Да се активира „мини шенген“ за полесно доаѓање до вакцините
Процедурата е објаснета. Техничките проблеми мора да се решат и нас многу ни значи оваа помош од Србија. Системот со електронско пријавување ф
Бошковски: За да имаме квалитетна репрезентација разликата во клубовите мора да ја прават македонските играчи
Нормално е дека нацијата која гледа ракомет сака борбеност и победи. Во овој момент има промена на генерација (што треба да се направи порано)
Трајковски од Средношколскиот сојуз: Еве и шанса на Царовска да го слушне критичкото мислење на младите
Министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека државната матура ќе се спроведе, дека матурантите имаат право да го изразат незад
Славчо најавува променливо и облачно време, со температури до 12 степени
Денеска времето во државава ќе биде променливо облачно а ќе дува и умерен ветер од јужен правен кој повремено на некои места ќе засилува. Во за
Утрински брифинг 22.01.2021
„Утрински брифинг“ е местото каде секој работен ден од 07:30-10:00 часот, низ динамична програма составена од актуелни информации, анализи и разг
Речиси нема жена во Скопје што не доживеала сексуално вознемирување
Според истражувањето за сексуалното вознемирување на јавните простори во Скопје, кое го изработија Андреа Велинова и Јована Здравевска, нема
Владата да обезбеди услови, а бизнисмените да се фатат за работа
Бизнисот во овие ковид услови оди лошо. Во глобални услови економијата е падната на ниско ниво. Транспортот за Русија оди тешко и за разлика од