Славчо го најавува она што многумина го очекуваат: Големо затоплување на времето

image

You must need to login..!

Опис

Во текот на претпладнево се уште локално ќе има повеќе облачност, а врнежите ќе престануваат, попладне ќе има повеќе сончеви периоди.

На повеќе места ќе дува засилен ветер од северен правец, максималните дневни температури ќе бидат пониски од изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.

Во Скопје рано претпладнево ќе има малку повеќе облаци. Во текот на денов ќе биде сончево и посвежо со мала локална облачност, ќе дува засилен ветер од северен правец додека максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 15 степени.

Во следните неколку денови, под влијание на многу потопла воздушна маса од југ ќе има позначителен пораст на температурите на воздухот. Така за време на празниците максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени, и тоа особено за време на викендот.

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Услови за локален краткотраен дожд ќе има во недела попладне и кон крајот на денот кога локално ќе има нешто повеќе облачност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × three =