За фашизмот на Каракачанов и делбите во Македонија како и потребата од реакција на Пендаровски, разговор со проф. Славески

You must need to login..!

Опис

Професорот Бучковски нема причина да не го сакаме. Проблемот е што се гледа дека државата нема систематски пристап кон прашањето со Бугарија. Погледнете кој ги исцрта црвените линии на Бугарија – Бугарската акаадемија на науките со која што нашата МАНУ флертуваше, а сега кога ни ја удрија шлаканицата, некои наши академици ја правдаат позицијата дека не сите академици на БАН го имаат тоа мислење, што е несериозно. Немаме критериуми и некои милитатни претставници во бугарската влада го користат тоа и не само што не покажуваат волја за напредок на разговорите, туку на дневна основа ги провоцираат и навредувааат чувствата на македонските граѓани, изјави во Утрински брифинг универзитетскиот професор Трајко Славески.

Владејачката партија во Бугарија ГЕРБ од сопствени причини ова прашање го имаат препуштено на една милитантна, дури и фаштистичка партија како што е ВМРО – БНД на Каракачанов. Ова фашистичка го велам со полна одговорност – само погледенте ја нивната веб страна. Таму стои дека се залагаат за „анти-циганизам“, Ромите ги нарекуваат цигани, имаат исламофобија кон соседна Турција, дека ќе ги разбулеле забулените, така што ние сме на удар на една таква фракција која сега се изживува. Да се надеваме дека тоа ќе трае уште два три месеци и работите ќе се променат. Она што зависи од нас е дека треба да бидеме повеќе посветени, покоординари. Претседателот на државата, слично како и претходниот период кога Иванов не беше воопшто прашан за Преспанскиот договор, сега е ставен некако на страна дури и беше оквалификуван како човек со слабо политичко искуство. Имам порака за Пендаровски да ја намали поларизацијата во македонското општество, вели Славевски.

Одложување на пописот

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека можеби е најдобро пописот да биде одложен како и многу други земји. Кратки се роковите за носење на Законот, подзаконските акти и методологија, но потребни се и месеци за обука. Значи нашиот став е дека попис мора да има, бидејќи тој е многу важен и за економскиот развој. Остануваме на тоа дека и потребно е тој да биде спроведен со земање на отпечатоци од прсти, изјави за Утрински брифинг универзитетскиот професор Трајко Славески.

За мене лично и за партијата ВМРО-ДПМНЕ пописот мора да биде само статистичка операција. Стекнатите права се стекнати права и тука нема враќање. Проблемот настанува доколку има некои аспирации за во иднина. Затоа ние сме релаксирани и велиме дајте да напрравиме попис според стандардите на Евростат.

Проценките во однос на динамиката на владата во совладување на социјалните проблеми

Државниот интервенционизам го прифатија сите погодени земји и донека тој е оправдан. Прашање е навременоста на мерките, таргетирањето и целите кои сакаат да се постигнат. Јас не гледам земја каде владејачката партија се фали дека со позајмени пари ќе истура пари врз одредена група на граѓани. Се уште постои простор за анализи аза ефикасноста на мерките. Некои беа оправдани и ефективни, некои беа чист популизам – сетете се со социјалните картички итн… Да не заборавиме, дека сето она што го купуваме во маркетите, а е увозен производ, воопшто не влијае на македонската економија, туку помага некоја друга економија.

Во петтиот пакет мерки многу е битно сега да се таргетира малиот бизнис, малите претпријатија и извозно ориентираните претпријатија, затоа што пандемијата еден ден ќе заврши и некој ќе мора да ја повлече локомотивата, вели професорот Славески.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × one =