Славева Апостолски: Судиите, обвинителите и полицијата мора да се ослободат од родови стереотипи за да има правда за жените

You must need to login..!

Опис

Родовото насилство е многу специфична тема, а за тоа колку нашите закони против насилството се родово сензитивни и колку се родово стереотипни во Утрински брифинг разговаравме со адвокатката Тамара Славеска Апостоловски.

-Има многу родови стереотипи и тоа оневозможува жените жртви на семејно насилство да ја добијат правдата. Нашите закони сѐ уште имаат историски реликти. Сѐ уште се забележуваат патријархални остатоци. Нашата држава има донесено и акциски план според Истанбулската конвенција, но роковите најчесто се пробиваат, вели Славеска Апостоловски.

Таа додава дека нашите закони имаат многу ораничено препознавање на семејното насилство, не го препознаваат економското насилство како форма на семејно насилство и не го опфаќаат поширокото семејство или поранешниот вонбрачен партнер.

-Економското насилство е многу суптилно, се држат жените во економска зависност. Најголем дел од случаите кај нас се од типот на психолошко насилство кое може да се докаже, па затоа жртвата треба да добие медицинска белешка, но и може да се докаже преку сведоци. Но, најчесто јавното обвинителство одлучува да ги води оние процеси кои се очигледни, каде што има физичко насилство, вели Славеска Апостоловски.

Родовите стереотипи во законите и кај правосудниот систем се препрека за добивање на правдата. Истанбулската конвенција се посветува во голем дел на превенција и обука на здравствени работници, обвинители, судии и полицијата. Често се случува семејното насилство да се замени со семејно недоразбирање. Семејно недоразбирање е ситуација помеѓу двајца еднакци партнери. Но, семејно насилство е ситуација која едниот партнер го држи другиот во субординирана позиција.

-Жртвите се надеваат дека насилникот ќе се поправи оти повремено, кога ќе се побунат тој привремено го менува своето однесување и тоа се нарекува „меден месец“, но трае кратко. Понекогаш и кога жените ќе побараат помош од пријателите тие им велат дека тој е многу мирен човек. Мирен да, но кога ќе се затворат вратите ситуацијата е често поинаква. Мажите имаат биолошка позиција да одговорат веднаш на насилство. Но кај жените ситуацијата е поинаква, тие не реагираат веднаш туку реагираат кога животот им е во опасност, вели Славеска Апостоловски за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three − 1 =