🎥📞Скулпторот Сашо Саздовски ја претставува Македонија во проектот „100 земји, 100 маски“

You must need to login..!

Опис

Професионалните скулптори носат маски кога творат за да се заштитат од прашината создадена од нивната работа. Во оваа пандемиска криза, нивната маска ја симболизира нивната поддршка и решеност за борба против оваа болест.

Имено, Визуелни уметници од 100 земји од светот ја покажуваат својата анти-пандемиска поддршка со својата професионална лична заштита преку иницијативата „100 земји, 100 маски“. Македонија ја претставува скулпторот Сашо Саздовски. Во стилот на добротворниот концерт „Еден свет“ во сто држави на пет континенти, уметниците стојат обединети, облечени во својата професионална лична заштита за да ја покажат својата поддршка во борбата против вирусот.

-Развојот на нашата цивилизација несомнено ќе се промени, светот каков што го знаевме повеќе нема да биде ист. Вообичаено уметниците ја креираат својата уметност поттикнати од многу различни прашања, создавајќи револуција со делата. Но, уметниците секогаш наоѓаат инспирација и дејствуваат, дури и во состојба на криза. Уметникот како индивидуален креатор е секогаш во своевидна самостојност. Важно е да не го изгуби ритамот на работа и креативноста. Иако моментално паузирам во креирање на монументални дела, јас продолжувам со работа во моето студио, изјави за Утрински брифинг, скулпторот Сашо Саздовски.

-Денеска е секојдневие да се биде со маска. Протокот на воздух на маските кои ги носиме ние е прочистен. Напорно е да се носи, но ние секогаш мора да се навикнеме кон новите начини на функционирање. Како и во природата – нема да преживеат најсилните туку оние кои најдобро ќе се адаптираат, вели Саздовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 5 =