„Скопје како некогаш“ во звукот на тишината

You must need to login..!

Опис

Вревата се замени со тишина. Нервозното трубење на шоферите прерасна во птичја песна. Скопје застана. Тук-таму се забележува по некој автомобил или мопед, по некој сопственик со своето милениче. Скопје се смири. Кога последен пат сте ја виделе и слушнале оваа тишина? Терасите се наполнија со народ, маалата ечеа од музика, од детска смеа. Скопје здивна, здивнавме и ние.

Ако носиш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече. – Ацо Шопов „Слеј се со тишината“

Уживајте во спонтаноста на Скопје периодов, сакајте го градот во кој живеете, грижете се за душата на местото во кое се наоѓате. Скопје е твој град и ти си негов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 + fourteen =