Скопје доби нов зелен покрив, на зградата на Дом на градежници

You must need to login..!

Опис

Скопје го доби вториот зелен покрив, овојпат на покривот на Домот на градежниците. Станува збор за површина од 400 метри квадратни на која се насадени повеќе од 30 различни видови садници.

-Во соработка со УНДП вчера го отворивме вториот зелен покрив, по оној во ГТЦ кој го отворивме пред една година. Ова ќе биде уште едно зелено место повеќе во кое граѓаните ќе можат да уживаат, а за време налетниот период тука планираме да организираме и кино на отворено, рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху, во гостувањето на Утрински брифинг.

Тој потсети дека Градот интензивно работи и на реализација на зелениот покрив во ГТЦ Мавровка кој ќе биде на површина од 4.000 метри квадратни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 + 16 =