Скопски агол: Ретвитни оброк – успешна акција која трае веќе пет години

You must need to login..!

Опис

Ретвитни оброк е хумана акција која трае веќе пет години. Иако пораката е пренесена дека луѓето знаат за нас и знаат каде да не најдат, ме радува кога во текот на неделата, пред петочното готвење барем еден нов човек ќе ни пише дека сака да помогне.

За нас тоа е задоволство, бидејќи значи дека имаме се повеќе граѓани кои сакаат да се вклучат во нашата акција, изјави за Скопски агол на Утрински брифинг Теодора Цветковска од Ретвитни оброк.

Ние готвиме во непосредна близина на Универзална сала. Оние кои не можат да дојдат да готват или да остават намирници во просториите каде што готвиме, во било кој ден можат да остават продукти во ресторанот кој се наоѓа во близина градежниот факултет. Можат во секое време да не исконтактираат.

Ние сме секогаш тука да помогнеме, испазариме, вели Цветковска.
Морам да напоменам дека во последнава година, секој петок доаѓаат луѓе од различни фирми.

Скоро и да нема петок во кој немаме група на луѓе од некоја фирма кшто дошле и готват со нас. Да ни го кажеше ова некој пред пет години ќе ни беше чудно и ме радува тоа што пораката се шири и решаваат место во петок да одат во кафуле и таму да ги дадат парите, доаѓаат овде и помагаат, додаде Цветковска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − 6 =