„Скопски агол“: Од „Чист воздух“ бараат во инспекциските надзори да има и од граѓанскиот сектор

You must need to login..!

Опис

Бараме забрана на секаков вид отпад, спроведување на ЕУ директивите. 24 часовен надзор на сите фабрики, се дел од барањата од движењето „Чист воздух“, чиј претставник Жаклина Анастасовска беше гостинка во „Скопски агол“ на Утрински брифинг, а повод беше енормното загадување и вчерашниот протест пред Цементара.

Тоа што се усвои во Собрание не е целосна забрана на увоз на секаков вид отпад. Само за отпад за горење. Тоа само Цементара го користи а они се само 4%. Добро е што трггна работата. Како држава може да се заштитиме од целосен увоз.

Вчера бевме сведоци дека во склопот на МЗТ се работело со медицински отпад. На мала фирма и се дозволило да работи несоодветно. Значи инспекторатот знаел а не не известил. Потребни се да се усвојат регулативи кои стојат во фиока. Продолжуваме со блокади низ цела Македонија.

Уште сме во планирање и затоа не би можела сега да ви кажам кои се нашите идни прецизни планови.

Не бараме да се затвори Цементара. Ние бараме извештаите да бидат јавни. Ништо повеќе. Се да биде контролирано и во инспекцискиот надзор да има граѓани, вели Анастасовска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 + 6 =