Скопски агол: Единствениот дипломиран оџачар во Македонија е Јасмина – жена која ја подига професијата на високо ниво

You must need to login..!

Опис

Кога сфатив дека Македонија нема оџачар, туку неколку фирми со сомнителна стручност, решив да ја подигнам професијата на ниво кое ќе биде постручно и попрофесионално.

Јасмина Атанасовска-Симјаноска дипломирала оџачарство во Загреб. Образованието го заокруужува преку специјализација со многу пракса, со многу учење за загадување, екологија…

„Оџачарството е работа преку која има добра заработка. При првата обука имавме една жена алпинист – Розана. Данка, втората оџачарка која јас ја обучував заврши пред една недела. Сака да работи, ја прифаќа професијата многу нормално, без разлика што оваа служба бара многу физичка работа.

Во мојата обука покрај многу работи, прво во практичниот дел се учи директно на терен, на интервенции и нема простор за импровизации… Чевлите мора да бидат специјални за да нема лизгање, специјални очила, ракавици.

Во Скопје и Македонија многу малку се чистат оџаците. Сведоци сме на многу пожари токму заради неисчистените оџаци. Барем еднаш годишно, иако јас препорачувам барем два пати, да се исчистат оџаците, изјави за Скопски агол на Утрински брифинг Јасмина Атанасовска-Симјаноска .

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen + ten =