🎥📞 Скопскиот муфтија – Подготвени сме заедно со МПЦ да излеземе со апел за сериозноста на болеста – Сотировски: Голем број од заразените веројатно се последица на социјалните контакти при верските празнувања

You must need to login..!

Опис

Точно е дека голем број од заразените веројатно се последица на социјалните контакти при верските празнувања. Тоа прашање треба стручна екипа од здравствениот сектор да го каже. Епидемиолозите се единствени повикани да утврдат дали има причинско-последична врска на верските празнувања и собири, но по се изгледа дека тоа е така.

Верските заедници, не во целост го сообразија своето делување со потребите од колективната здравствена заштита. Тие излегоа во пресрет на граѓаните со одредени чекори кои треба да се поздрават, но сметам дека требаше да се покаже едно посериозно ниво на сериозност изјави во Утрински брифинг, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски.

-Државата се има определено да има партнерски однос со верските субјекти, а не репресивен како што било во комунизмот. Ова поставување на државата треба да се разбере како потреба во декоратски заедници. Тука треба да се препознае и зголемената и споделена одговорност од верските субјекти.

Ние не правиме ништо помалку од државите во Европа. Уште пред да почне пандемијата ние сме во постојан контакт со верските субјекти. некаде наидуваме на разбирање но некаде луѓето не се разбираат со збор и треба да има одговорност онаму каде што има прекршување на тие мерки, додаде Сотировски.

Гостин во утрински брифинг беше и скопскиот муфтија Ќенан Исмаили кој истакна дека покрај разговорите ИВЗ има и активен однос кон ситуацијата.

-Треба да знаеме дека минатата недела имаше циркулар и сите имами и службеници во џамиите имаа говор за да се подигне свеста за ризикот од КОВИД-19. Ние и преку социјалните мрежи имаме редовни верски говори дека треба да се верува во вакво нешто (КОВИД-19), бидејќи дел од верниците и не веруваат дека постои нешто вака опасно.

-Се трудиме редовно со цитати од Куранот и пораки од пророкот Мухамед да им укажува на луѓето за сериозноста од оваа болест и дека ние сме задолжени верски да веруваме на тоа што укажува науката и да се придржуваме кон нивните препораки, вели Исмаили и додаде дека потребна е поголема соработка на верските заедници, со невладините организации и државните институции за зедно да го надминеме ова.

-Подготвени сме и заедно со МПЦ да излеземе и да упатиме апел за сериозноста од КОВИД-19. Со МПЦ имавме и заеднички емисии и состаноци за одредени теми. Ние сме спремни за вакви сериозни теми, со цел на подигнување на свеста кај верниците истото да го направиме, изјави Исмаили.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen − 6 =