Скерлев: Фокусот во Велика Британија е кај ковидот и последиците од Брегзитот сѐ уште не се „легнати“ кај граѓаните

You must need to login..!

Опис

Вакцинирањето се одвива релативно добро, со забрзано темпо и ова е операција во која учествуваат се поглем број вработени во јавното здравство, но и волонтери и припадници на вооружените сили. До сега се вакцинира 3.8 милиони луѓе во Велика Британија, главно над 80 години и главно вработени во првите редови во здравството и оние кои работат во домовите за стари и изнемоштени лица.

Интересно е што се отвораат се повеќе центри за вакцинирање на луѓе. Така и во Кентербери една од најпознатите катедрали во земјата се спроведуваше вакцинирање, а во позадина одеше Бах. Во аптеките исто така се врши вакцинација, така што во земјата во тек е масовно вакцинирање и нормално дека се работи за еден огромен потфат, бидејќи се уште многу е сериозна ситуација со заразата – секои 30 секунди има по еден заразен, а болниците се на работ на издржливост изјави во Утрински брифинг, директно од Лондон, новинарката Жанета Скерлев.

Светло од крајот на тунелот е што е започната оваа масовна акција на вакцинирање и владата смета дека до есен би требало да бидат вакцинирани најголемиот дел од населението на Велика Британија.

Целиот разговор каде Скерлев говори и за Брегзитот, за трговскиот договор, дали е потребно редифинирање на истиот, погледнете во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 + four =