Скерлев: Срамота е што Британија прими само 350 украински бегалци

You must need to login..!

Опис

Влегуваме во третата недела од почтокот на руската инвазија врз Украина, а во меѓувреме се одржаа неколку рунди преговори кои не вродија со плод. Руската армија постепено се доближува до Киев, по што малку е веројатно дека ќе има преговори.

-Сите оние што велеа дека ова ќе трае кратко, вклучително и Путин кој мислеше дека ќе направи блиц криг па потоа ќе поставува услови, згрешија. Ова ќе биде прилично долго и тоа го сфаќаат и во ЕУ и во Велика Британија. Британците како да се помирени со тој факт и се вртат кон помош на Украина од една страна, а од друга ја поттикнуваат британската влада од зборови да премине на дела, вели Жанета Скерлев за денешен Утрински брифинг.

Конфликтот предизвика бран од бегалци, а главно станува збор за жени и деца. Европа го прима овој голем број бегалци, а под најголем удар е Полска.

-Срамота е што Британија прими само 350 бегалци. Одбивањето да се примаат бегалци беше и причината за Брегзитот. Прво се зборуваше дека ќе се отвори бегалски камп со биометриски проверки во Кале и Лил во Франција. Но, ништо не се случува. Таму има само двајца полицајци и се продава кока кола и чоколатца. Дури и луѓе кои имаат роднини во Британија не моат да се спојат со своите семејства, вели Скерлев.

Наводно, она што ги прави британските власти претпазливи е стравот од инфилтрирање руски шпиони. Јавна тајна е дека Лондон е голема пералница на пари, а премиерот Борис Џонсон рече дека ќе се справи со руските олигарски. Но, таа борба се сведе на затврање на продавницата на сувенири на фудбалскиот тим Челзи кој е сопственост на Роман Абрамович, вели Скерлев. Таа додава дека Џонсон го пропушти моментот да биде политичар од типот на Черчил, па сега се свртува кон политиката на Тачер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

17 + eighteen =