Скерлев: Следните 72 часа Борис Џонсон решава што „Борис Џонсон ќе направи со Борис Џонсон“

You must need to login..!

Опис

Се ниша премиерската фотелја на британскиот премиер Борис Џонсон откако во јавноста излегоа и снимки од лудите забави во резиденцијата на Џонсон додека граѓаните на Велика Британија беа во строг карантин и беа казнувани што не ги почитуваат рестриктивните мерки.

-Доколку во последните два-три дена не се случи некаково чудо, големи се шансите Борис Џонсон да си поднесе оставка. Тоа вчера го побараа неколку највисоки членови на неговата партија, но и на опозициските лабурсти, либерал демократите, изјави во Утрински брифинг новинарката Жанета Скерлев.

-Тој по месеци натегања и оправдувања дека не знаел што се случува, вчера во британскиот Парламент, на пратеничките прашања, конечно кажа дека присуствуал на забава на 20.05.2020 (за време на локдаун) и дека влегол и поминал 25 минути и се извини на британската јавнопст дека направил погрешна проценка и дека сега кога би имал шанса поинаку би се однесувал и ја моли британската јавност и сите кои во тоа време страдале и неможеле да излезат дома, да му простат, вели Скерлев.

-Кога сите очекуваа тој да поднесе неотповиклива оставка, тој застана и побара д асе почека на заклучок од специјалната Комисија која тој ја формира, на чело со Греј, па потоа ќе се донесе одлука.

-Она што е интересно е дека излегува дека Борис Џонсон решава што Борис Џонсон ќе направи со Борис Џонсон, но следните 72 часа ќе бидат пресудни за неговата судбина.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

1 × one =