Скерлев од Лондон: Илјадници пензионирани лекари и сестри се враќаат на работа

You must need to login..!

Опис

Не ме изненади ставот на Џонсон. Кога ги најави мерките мојата реакција беше – Конечно! Имавме премногу лабави мерки. Сето она што се случуваше на остатокот на континентот требаше да се примени и овде во Велика Британија.

Се калкулираше како сето ова ќе се одрази на економијата, но кога се виде дека почна да се одразува на здравјето на населението, Борис Џонсон и неговиот кабинет конечно преземаа остри мерки, изјави во Утрински брифинг директно од Лондон, новинарката Жанета СКерлев.

Уште е рано да се каже околу расположението, но според една од анкетите над 60% имаат доверба дека Џонсон ќе се справи со кризата. Но луѓето се уплашени.

Мерките се – останете дома, нема излегување, еднаш во текот на денот смее да се излезе и тоа најмногу двајца со метар растојание. Полицијата предупредува и спречува. Апел има за 1,7 милиони постари луѓе да останат дома.

Илјадници пензионирани лекари и сестри се враќаат на работа. Тотален пресврт за разлика од минатата недела, изјави Скерлев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five − three =