Скерлев: Огромна благодарност до сите кои помогнаа за реконструкција на училиштето во с. Трново

You must need to login..!

Опис

Имаше училница која беше во распаѓање. Ѕидовите беа влажни и трошни. Благодарение на учителката Ленче Илиевска родителите се мотивираа и еден анонимен дарител за училницата да се искречи, да се стави парно греење, изјави во Утрински брифинг новинарката Жанета Скерлев, која говореше за акцијата за собирање на донации за едно училиште во селото Трново, на падините на Пелистер.

Немаа ни наставен материјал. Јас решив, бидејќи неколку пати бев на приредба во училиштето и гледав со кој ентузијазам децата настапуваа, решив да преземеам нешто. Една недела пред мојот роденден (30 ноември) ги ангажирав моите пријатели да донираат за ова училиште. Зборам за пријатели од целиот свет.

Од дното на срцето сум им благодарна. За еден месец ги собравме потребните средства. Сумата не е мала. Летово со сопругот ќе донесеме и технички работи, изјави Скерлев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen − 9 =