🎥📞Скерлев: Обединетото кралство стана разединето – Англија ги олабавува мерките, Шкотска и Велс не!

You must need to login..!

Опис

Според податоците 36.654 лица починале од КОВИД-19 во Британија. Но статистичарите не се согласуваат и велат дека таа бројка е над 50.000. Велика Британија на почетокот не го сметаше оној број на луѓе кои починуваа надвор од болниците. 50.000 е застрашувачка бројка и е неверојатно голема и за земја како Велика Британија, изјави за Утрински брифинг директно од Лондон, новинарката Жанета Скерлев.

-Обединетото кралство, стана прилично разединето. Шкотска и Велс не се согласија со Џонсон, па така Англија ги олабави мерките а овие две земји не, па така кај нив останува мерката останете дома, а во Англија е останете внимателни. Сега имаме разединето кралство.

-Училишната година се очекува да продолжи по укинувањето на мерките, но се чини дека тоа го застапуваат поагресивните членови во владата на Џонсон. Мора да се спомне дека Џонсон откако го прележа КОВИД-19 е многу повнимателен и не сака да ризикува и поширокот население да биде на некој начин соочено со смрт.

-Вчера со кола отидов до централен Лондон. Јас такво нешто немам видено. Централен Лондон беше пуст. Половина од луѓето во Обединетото кралство сега се соочуваат со ментални проблеми. Се советуваат да прават разлика од лажна и точна вест, додаде Скерлев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 + sixteen =