Скерлев: Обединетото кралство „разединето“- секоја држава со различни зони на антиковид мерки

You must need to login..!

Опис

Состојбата во Лондон е флуидна. Се контролира за тоа кога поминуваме од една зона во друга да не се прекршат правилата. Така еден човек во Англија влезе во Велс. Во Англија беше втора зона додека во Велс трета зона. Го најдоа и го казнија. Англија донесува едни мерки, Велс други, Шкотска трети, Северна Ирска четврти. Така што во тој дел Обединетото кралство е разединето, изјави во Утрински брифинг, новинарката Жанета Скерлев.

Говорејќи за загадувањето во Лондон и што е она што го направи овој град во борба со загаденот воздух, Скерлев истакна дека во Лондон нема греење на дрва, освен „мераклиското“ користење на камин.

-Возилата и квалитетот на горивото кои ги користат возилата се главен фактор во загадувањето. Овде се сметаше дека дизелот е поеколошки се до аферата со Волксваген за лажирање на резултатите, па така дизел возилата во Лондон многу ретко се користат. Се плаќа 15 фунти додека сакаш да влезеш во Лондон. Казната доколку не платиш одиш на суд каде што казната е многу поголема, вели Скерлев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × one =