Скерлев: „Ковид – 20“ предизвика вистински „егзодус“ во Лондон

You must need to login..!

Опис

Откривањето на подвидот на вирусот ковид-19, што на социјалните мрежи го нарекоа ковид-20 и фактот што тој се шири за 70% побрзо ја натера владата на Џонсон овој пат да преземе брзи потези и да блокира голем дел од југоисточниот дел на островот, со најава дека за Нова година цело Обединето кралство ќе биде сосема блокирано, односно ќе се влезе фаза 4, што значи се е е затворено, изјави во Утрински брифинг директно од Лондон, новинарката Жанета Скерлев.

На почетокот овие вести беа примени со револт, затоа што кога Џонсон објави дека ќе се затвори Лондон, настана вистински егзодус во градот. Колоните неверојатни, се излезе од дома. Се купуваа карти, железниците и аеродромите се преполни, сите брзаа да излезат од градот, па дури се создаде и нова фраза за нас лондончани – ковид – идиоти, вели Скерлев.

Во рамките на Брегзит сето ова излезе како нормално, но се создава и една конфузија, бидејќи она што се случува со снабдувањето – се гледаат километарски колони кон пристаништата. 20% од снабдувањето на Велика Британија се обезбедува од остатокот од Европа. Ова во голема мера се должи и на паничното однесување на министерот за здравство кој рече дека ситуацијата е драматична, па така се укинуваа летови за Велика Британија, изјави Скерлев.

Целиот разговор со новинарката Жанета Скерлев погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen − one =