Скерлев: Главна пералница на руски пари е Лондон, вчера слушнавме кои Руси ги финансирале конзрвативците

You must need to login..!

Опис

Во овие моменти се одвива состанокот на т.н. Кобра комисија на Велика Британија. Она шшто е реакција во Британија е што индексот на лондонската берза падна за повеќе од 200 поени во моментот кога берзата се отвори во 8 часот утринава. Кај Британците е тоа многу битно оти многу црни руски пари се на лондонската берза, вели за Утрински брифинг Жанета Скерлев.

-Олигарсите прво што направија е да видат како им стојат парите. Лондон е главна пералница на пари не само за руските олигарси, вели Скерлев. Таа додава дека вчера во Парламентот од страна на пратеничка биле набројани 35 олигарски кои меѓу другото се финансиери на Конзервативната партија. Станува збор за мултимилијардери, почнувајќи од Абрамович панатаму, вели Скерлев.

По состанокот на Кобра се очекуваат посилни санкции. Еден од експертите коментираше дека руските авиони се со „ролс-ројс“ мотори и може да ѝ се оневозможи на Русија да лета.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

one × five =