Симоновски: Пожарникарите се секогаш спремни – за нас не важат ограничувањата

You must need to login..!

Опис

За нас не важат ограничувањата. Работиме нормално, тековно, имаме од три до пет интервенции во текот на денот. Кога одиме на интервенција имаме наша лична опрема, интервенти одела, но за шумски пожари имаме посебни шумски интервентни одела. А, кога имаме технички интервенции се разбира користиме заштитни маски и ракавици, на прашањето какви се задачите и со што се соочуваат деновиве на терен пожарникарите, изјави за Утрински брифинг Владимир Симоновски, командант на противпожарната бригада – Скопје.

-За разлика од лани, кога првите три месеци од годината имаше околу 660 пожари, во првите три месеци годинава имаше скоро дупло помалку, односно 350 пожари.

Во текот на ланската година направивме набавка на соодветна опрема. Го пратиме тој тренд, но сепак состојбите, како претседателски избори, оваа со КОВИД-19, малку ги кочи плановите, но сепак се трудиме се да биде и да тече како што треба, вели Симоновски.

Секојдневно имаме план и програма на работа. Дали е тоа вежбање од затворен тип, дали од надворешна вежба, ќе повторам, процесот на работа и начинот на работа не се смени од појавата на вирусот. Да, повеќе сме претпазливи, забранети се посети од градинки, училишта, се со цел да се спречи движењето според препораките од Владата, додава Симоновски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 − one =