Симоновска за УБ: Оваа година следуваат 703 милиони евра отплата на долгови

You must need to login..!

Опис

Вкупното задолжување на државата со досегашните 6 еврообврзници достигнува 1,7 милијарди евра задолженост кај странските кредитори. Стигнува и за отплата обврзница до крајот на овој месец. За отплата, за разлика од порано министерството за финансии се обиде риволвингот кај странските кредитори да го замени кај домашните инвеститори.


Година треба да се отплатат стари долгови во износ од 703 милиони евра, од кои надворешниот долг изнесува 438 милиони евра и домашниот долг од околу 264 милиони евра. Овој месец ни доспева кредит од Светска банка, односно втора и последна рата земен во 2013 година. За овој заем се обезбедени средства на почетокот на годината. Земен е краткорочен кредит од домашните комерцијални банки со петкратно помала каматна стапка од 0,7 проценти, изјави Магдалена Симоновска е посебен советник во Министерството за финансии.


Вториот голем кредит е 180 милиони евра, а тоа е останатиот дел од евробврзницата, тој се уплаќа во декември. Дел е од веќе издадена обврзница. За прв пат во 2018 година се уплати порано дел од таа обврзница, со каматна стапка од 2, 75 посто. Планот е да се обезбедат со издавање на еврообврзница, меѓутоа имајќи предвид дека буџетот е стабилен и ликвиден, се следи меѓународниот пазар на капитал и се гледа да се добијат најоптималните услови со цел да се определи најдобриот тајминг кога би можела да се издаде евроообврзницата.

Околу голеината на долгот по основ на еврообврзниците, Симоновска вели дека 1.628.000.000 евра е вкупниот износ и тие би се сервисилае зависно од политиките.


На пазарот постојат повеќе начини како да се финансираат. Би сакал да истакнам дека еврообврзницата е најповолен начин на финасирање. Имајќи ги предвид еконмските услови се прават и различни стратегии и комбинации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 5 =