🎥 Во првиот квартал пораст на БДП од 0,2 индексни поени, неизвесно е колкав ќе биде извесниот пад во вториот квартал

You must need to login..!

Опис

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2020 година е 0.2 индексни поени. Ова покажува дека имаме стагнација во првиот квартал.

-Значи главниот пад е во индустриското производство и надворешната трговија, додека најголем пораст има во земјоделието и градежништвото. Морам да напоменам дека нашата економија е поврзана со европската. Нашите извозни претпријатија се ориентирани највеќе во овој правец. Пандемијата во Европа стигна порано од што стигна кај нас. Ефектите драстично се почувствуваа особено кај нашите главни трговски партнери – Германија, Шпанија, Франција, Италија итн…

Таму е и најголемиот пад на размена со странство и тоа најповеќе се почувствува во дејностите поврзани со странските инвестиции во слободните развојни зони. Тие се директно поврзани со тој пазар и зависноста од побарувачката во автомобилската индустрија. Таму имаше пад и лани, а оваа година продолжи. Ако ги гледате податоците од индустриското производство ќе видите дека континуираниот раст кој го имавме минатата година, оваа година има многу мал, а во третиот месец и пад на индексот, изјави во Утрински брифинг Апостол Симовски, директор на Заводот за статистика.

Во Германија која што е наш стратешки партнер во првиот квартал има пад од 2,3 индексни поени, Франција е со пад од 5, Италија има пад од 5,4, Чека од 2, Белгија од 2,5 индексни поени. Пораст има во Ирска од 4,5 индексни поени, Полска од 1,7 и Бугарија од 2,4 индексни поени. Значи мал е бројот на земји за разлика од оние кај кои има дарстичен пад на БДП. Да не заборавивме дека ние кон крајот на октомври распишавме избори во државата, а штом се прогласат избори тоа има рефлексија и во бизнисот, каде што бизнисот стагнира и она што сакал да го инвестира во тој период го откажува чекајќи ги резултатите од изборите, изјави Симовски.

-Она што е наш менталитет е во криза вишокот од пари луѓето да го врзуваат со трајни вредности,. некогаш се купувало земјиште, сега станови. Но растот во градежништвото во моментов повеќе се базира во инфраструктурните објекти, а не во становите, изјави Симовски за податокот дека има побарувачка за купување на станови во Скопје.

-Податокот за првиот квартал покажува дека невработеноста не расте, напротив се намалува. Онаа бројка од околу 10.500 луѓе што ја прикажа Агенцијата за вработување се однесува за месец април. Дури и во месец март немаше отпуштања. Така што ова намалување и во суштина не е голем број, бидејќи предвидувањата во овој дел беа најразлични. Сметам дека мерките на државата во тој правец вродија со плод. Она што беше добро во слободните економски зони е што големите комапнии не ги отпуштија вработените, туку онаму каде што мораше да се сопре процесот на прозводство ги пуштија на одмор и таму луѓето се се уште на работа. Се надеваме дека ова донекаде ќе влијае на намалување на ударот на пандемијата врз економијата во вториот квартал, додаде Симовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 − six =