Симовски: Миграцијата создаде дупки во демографската пирамида, државата губи жива сила, а опаѓа и наталитетот

You must need to login..!

Опис

-Сега следи фазата од пописот која што се работи во нашата институција, обработка на пописниот материјал. Знаете дека имавме два типа на попис – попис на терен и попис на дијаспората кој што се одвиваше по пат на самопопишување по пат на интернет конекција. Овие две бази требаше да се спојат, нив ги споивме и сега ги обработуваме податоците од аспект на утврдување на контингентите на население 0 на резидентно и на нерезединетно население, изјави за Утрински брифинг Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.

-Ова е процес кој што претходно беше осмислен, каде што беа дефинирани чекорите по кои што ќе постапуваме во обработката на пописниот материјал. Одиме по планот, воопшто не заостануваме во одредени делови. Сите работи се одвиваат според плановите.

-Секогаш мора да има разлики. Базата на државјани на РСМ брои повеќе од 2.430.000 лица, а ние опфативме околу 1.840.000 но тоа не значи дека податоците не се точни. Искрен да бидам не очекувавме дека ќе опфатиме повеќе, особено што имавме една голема антикампања, вели за УБ директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

18 + seventeen =