Симеска Димоска: Инспекторите се излезени на терен – се чешлаат трговците дали ја почитуваат одлуката за замрзнување на цените, за непочитување на одлуката за употреба на кесите казни од 9 до 98.000 евра

You must need to login..!

Опис

Цените на лебот, шеќерот, брашното тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко, свежо месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата нема да се менуваат до крајот на јануари.

Нивните цени се замрзнати, а не се исклучува можноста со оваа мерка да бидат опфатени и други производи како тестенините, оризот и јајцата.

Во контролата на трговците дали ја почитуваат ваквата одлука вклучени се Државниот пазарен инспекторат, но и граѓаните.

Северна Македонија не е прва земја во регионот која посегна по вакви мерки, пред неа одлука за замрзнување на цените на основните прехрамбени производи донесе Србија, а пред тоа и Црна Гора.

Хрватска пред еден месец ги замрзна цените на горивата.

Одлуката на Владата е објавена во Службен весник, а од вторникот на терен постапуваат инспекторите.

На оваа тема гостин во Утрински брифинг разговаравме со Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска.

-Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи излезе на 6-ти декември, а од 7-ми декмври државните пазарни инспектори излегоа на терен да ја проверат почитувањето на одлуката.

-Ние со тој капшацитет со кој што располагаме направивме план и организација како да се постапува се со цел да се опфатат сите трговци. Секако сите трговци не можат да бидат опфатени во еден ден, но така како што секој ден инспекторите ќе бидат на терен ќе бидат опфатени се поголем број на трговци. Започнати се проверките, инспекторите работеа и во текот на вчерашниот ден, иако беше празник, така што сметам со оној капацитет со кој што располагамеќе бидат опфатени сите трговци.

-Нема да има субјект кој што нема да биде опфатен. Во оваа насока сакам да нагласам дека и граѓаните ќе ни бидат од голема корист доколку во одредени ситуации се посомневаат или сметаат дека одредени цени не се на нивото на кое што биле на 1-ви декември.

-Трговците треба да ја стават на увид евиденцијата во трговијата кој што се задолжени согласно Законот за трговија да ја водат, каде што се евидентирани влезните фактури, односно цени на произвводите и продажните цени на производите и на тој начин ќе се утврди која цена била на 1-ви декември.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

18 − 4 =