Се реконструира ул. Орце Николов, ќе се ослободат тротоарите, но ќе се намали бројот на паркинг места

You must need to login..!

Опис

Градежните работи за реконструкција на улицата „Орце Николов“ започнаа вчера. Во рамки на реконструкцијата ќе биде реконструиран коловоз долг 1.026 метри. Раководителот на сектор за управување со градежно земјиште во Општина Центар, Кире Секуловски денеска во Утрински брифинг информираше за текот на реконструкцијата на улицата.

-Улицата ќе се реконструира во шест фази за да нема голем застој во сообраќајот. Првата фаза ќе биде до улицата Ленинова каде што е предвидено да се изгради и кружен тек. Втората фаза ќе биде до улицата Наум Наумовски-Борче, третата фаза ќе биде до улицата Мирослав Крлежа, четврта фаза е улицата 29 Ноември,  петта фаза е Алберт Ајнштајн и шеста фаза е улицата Рузвелтова.

Моментално делот на „Ленинова“ кој беше еднонасочен,  е овозможен двонасочен сообраќај. Пренасочување на собраќајот ќе има и на останатите улици за олесното движење на возилата, информира Секуловски. Променет ќе биде и начинот на паркирање. Наместо досегашното попречно паркирање, ќе се воведе подолжно паркирање.

-Ќе ги ослободиме тротоарите за движење на родителите со колички за бебиња, за велосипедистите и за инвалидските колички. Подолжното паркирање ќе се одвива долж улицата со што ќе се намали бројот на слободни паркинг места за околу 40 возила. Но, позади Општината ќе се гради монтажен паркинг за 296 возила со што сметаме дека ќе се реши проблемот со паркирањето, смета Секуловски. За секоја од фазите за реконструкција се предвидени 30 дена, додека комплетна реконструкција на „Орце Николов“ е предвидена за средината на јули. Досега се работеше на дислокација на надземната инсталација, истата е префрлена под земја со што ќе се оневозможи прекопување на улицата поради одредена инсталација, а со тоа ќе се заштити коловозот од препукувања.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − 6 =